Трамп ги поздрави „многу возбудливите“ договори на двете Кореји

Вашингтон, 19 септември 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги поздрави низата договори постигнати на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг, нарекувајќи ги „многу возбудливи“.
-Ким Џонг- ун се согласи за нуклеарна инспекција, која е предмет на завршните преговори, и трајно затворање на полигонот за нуклеарни тестирања во присуство на меѓународни експерти, напиша Трамп на Твитер, мислејќи на договорите кои севернокорејскиот лидер ги постигна во разговорите со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.
- Во меѓувреме нема да има ракетни, ниту нуклеарни експерименти, додаде Трамп.
Северна Кореја се согласи на трајно затворање на своите клучни ракетни објекти во присуство на странски стручни лица и подготвена е да го затвори својот главен нуклеарен комплекс ако САД преземат соодветни мерки, со кои за возврат би се наградил Северот.

Двете Кореји,исто така, се договорија заедно да се кандидираат за Летните олимписки игри во 2032 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...