Најмалку 70 исчезнати на Филипините по разорувачкиот тајфун

Манила, 19 септември 2018 (МИА) - Стотина спасувачи денеска ја продолжуваат потрагата по десетиците исчезнати во масовниот одрон на тлото, предизвикан од тајфунот Мангхут, одговорен за смртта на 81 лица на Филипините.
Повеќето мртви и исчезнати се од северните области на Кордилера, вклучително и од најпогодената провинција Бенгет, каде поради одрон на земјиштето беше затрупано старото рударско место во Итогон.
Спасувачите со лопати и мотики копаат по калта во селото Укаб во општината Итогон, каде се случи најголемиот од петте одрони на земјиштето.
- И натаму стојам на тоа дека тоа се „спасувачки операции“, бидејќи не сакаме да изгубиме надеж дека таму има уште преживеани, изјави претседателскиот советник за надгледување на операции за помош, Францис Толентино.
Повеќе од 236.000 жители се раселени поради тајфунот Мангхут, најсилен досега на Филипините оваа година, кој му наштети на земјоделството, а штетата се проценува на 270 милиони долари, соопшти Националната комисија за катастрофи.
Филипините во просек ги погодуваат 20 циклони секоја година, предизвикувајќи поплави, одрони на тлото и други несреќи.

Најсилниот тајфун во блиската историја беше тајфунот Хаијан, кој ја погоди земјата во ноември 2013 година, при што загинаа 6.300 лица, и беа раселени повеќе од четири милиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...