Странски хакери продолжуваат да ја напаѓаат приватната електронска пошта на американските сенатори

Вашингтон, 20 септември 2018 (МИА) - Владини хакери од странски земји продолжуваат да ја напаѓаат приватната електронска пошта на американски сенатори и нивните помошници, а сенатската служба за безбедност одбила да им обезбеди кибер заштита, истакна синоќа сенаторот демократ Рон Вајден.
Во писмо до лидерите на Сенатот, тој предупреди дека објекти на такви кибер напади се електронските пошти на неодреден број сенатори и нивните помошници. Не се открива дали се работи за сенатори од двете партии. Слични методи биле користени од страна на агенти на руското воено разузнавање при нивните обиди да влијаат на изборите во САД во 2016 година.
Сенаторот од државата Орегон не прецизира кога биле регистрирани хакерските напади, но според вработен во Сенатот, кој побарал да остане анонимен, тоа се случувало во последните недели и месеци. Вајден вели дека секторот кој се занимава со безбедноста во Сенатот, ги информирал конгресмените и нивните помошници дека нема овластувања да се грижи за безбедноста на нивните приватни електронски пошти, туку само за службените. Портпарол на одделот одби да го коментира ова прашање.

- Тоа треба да се промени. Изборите во ноември се повеќе се доближуваат, Русија продолжува со напади против нашата демократија и Сенатот едноставно нема време за да си го дозволи луксузот да го одложува решавањето на овој проблем, пишува Вајден во писмото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...