Заеднички патроли на Турција и САД во северна Сирија

Анкара, 21 септември 2018 (МИА) - Турција и САД речиси ги завршија подготовките во врска со започнувањето на заедничко патролирање во областа на Манбиџ во северна Сирија, изјави денеска Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател.
Тој посочи дека наскоро ќе започнат заедничките вежби и заеднички патроли.
На прес-конференција во Анкара Калин рече дека Турција очекува меѓународната заедница да помогне во политичкиот процес во Сирија.
Тој, исто така, оцени дека договорите за Идлиб, постигнати на средбата на претседателите на Турција и Русија во Сочи, придонесоа за спречување на хуманитарна катастрофа.
- Избегната е голема хуманитарна катастрофа во сириската провинција Идлиб, рече Калин, додавајќи дека сегашната мирна атмосфера во Идлиб „предизвикува задоволство“.
Во врска со продолжувањето на заедничката работа со Русија Калин посочи дека треба да се разгледаат варијанти за изнесување на терористичките елементи од Идлиб. Од таа причина се врши координирана работа на Националната разузнавачка организација на Турција (МИТ) и турските вооружени сили со Русија, рече Калин.
Тој додаде дека Турција придава големо значење на целосното чистење на регионот од терористи и нема да им дозволи да се стационираат покрај границите на Турција.
Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган на 17 септември се согласија да создадат демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб, долж линијата на контакт на владините сили на Сирија и вооружената опозиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...