Трамп: Не планирам да се сретнам со претседателот на Иран

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави денеска дека нема планови да се сретне со претседателот на Иран Хасан Рохани. Тој, меѓутоа, сигнализираше дека е отворен за евентуална средба во иднина.



- И покрај барањата, јас немам планови да се сретнам со иранскиот претседател Хасан Рохани. Можеби некогаш во иднина. Сигурен сум дека тој е апсолутно прекрасен човек, напиша Трамп на Твитер.

Претходно, високиот советник на иранскиот врховен верски водач ајатолахот Али Хамнеи, Али Акбар Велајати го отфрли предлогот на САД за средба на двете раководства.

- Сонот на (американскиот претседател Доналд) Трамп и (државниот секретар Мајк) Помпео никогаш нема да се реализира, изјави Велајати.

САД ја отворија можноста за средба со иранските лидери на која би се дискутирало за конфликтот меѓу двете држави.

Односите меѓу Вашингтон и Техеран се особено затегнати по нападот за време парада на иранскиот Корпус на револуционерната гарда во саботата, за што Иран ги обвини САД и нивните сојузници во регионот на Блискиот Исток.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...