Саудискиот крал и принцот му изразија сочувство на синот на Кашоги

Саудискиот крал Салман и принцот Мохамед бин Салман, го повикаа синот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, Салах, и му изразија сочувство, објави саудиска новинска агенција.



Откако негираше вмешаност во исчезнувањето на Кашоги, кому му се губи трагата на 2 октомври откако влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул, Саудиска Арабија во саботата објави дека тој бил убиен во тепачка во зградата.

Во исто време, агенцијата Анадолија јави дека вереницата на Кашоги, Хатиџе Џенгиз е под 24-часовна полициска заштита. Капшоги на 2 октомври влегол во саудискиот конзулат за да земе документи кои му биле неопходни за да се венча со Џенгиз.

Таа со часови го чекала вереникот пред Конзулатот, и откако не се појавил, ги контактирала властите како што Кашоги претходно и кажал да направи.

Откако Саудиска Арабија потврди дека Кашоги е мртов, таа на арапски на Твитер напиша: „Го однесоа твоето тело од овој свет, но твојата прекрасна насмевка засекогаш ќе остане во мојот свет“.

Анадолија инфомира дека Џенгиз е под 24-часовна полициска заштита со одлука на канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека утре ќе објави детали за турската истрага за смртта на Кашоги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...