Турската полиција ги бара останките на Кашоги во вила јужно од Истанбул

Турски истражители спроведуваат оперативно-истражни дејствија во куќа во округот Јалова, јужно од Истанбул, во рамки на случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јави НТВ.



Според телевизијата, истражителите посебно внимание обрнуваат да внатрешниот двор на вилата и на градината. Според телевизијата „Хабер турк“ истражителите ги бараат останките на Кашоги.

Претходно, турските власти соопштија дека еден ден пред смртта на Кашоги, во Истанбул пристигнале три групи саудиски државјани. Тие отишле во генералниот конзулат, а исто така ги проучувале Белградската Гора на север од Истанбул и го посетиле округот Јалова, јужно од градот. Во таа провинција, се наоѓа приградска куќа, каде што претходно бил забележан саудиски дипломатски автомобил и која може да е директно или индиректно поврзана со соработници на генералниот конзулат.

Кашоги, познат критичар на политиката на Ријад, исчезна при посета на саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври. На 20 октомври, саудиските власти објавија дека тој бил убиен по конфликт во зградата на конзулатот. Единаесет лица се обвинети за учество во убиството, а за петмина од нив саудиското обвинителство бара смртна казна. Според Ријад, првичната намери била Кашоги да биде однесен во Саудиска Арабија, а не да биде убиен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...