Светската банка ќе одвои 200 милијарди долари за борба против климатските промени

Светската банка соопшти дека во периодот 2021-2025 година ќе издвои 200 милијарди долари за финансирање проекти за борба против климатските промени, што е двојно поголема сума од средствата наменети за таа цел во претходните пет години.



– Треба да се бориме со причините за климатските промени, но и да се приспособиме кон последиците од нив, кои несомнено ќе бидат најдраматични во најсиромашните земји, изјави извршната директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева на Конференцијата на ОН за климата (КОП 24), што почна вчера во полскиот град Катовице.

Експертите проценуваат дека најавата на Светска банка на стартот на Конференцијата во Катовице, претставува важен поттик за меѓународната заедница да преземе слични чекори.

Во пресрет на Конференцијата развиените земји се обврзаа да го зголемат финансирањето на проекти за справување со климатските промени во државите во развој за дополнителни 100 милијарди долари до 2020 година.

Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), дури и дополнително да се зголемат средствата за таа цел, развиените земји од Северната земјина полутопка треба да преземат појасни обврски за справување со климатските промени во сиромашните држави од јужните делови на планетата.

Како најзначајни последици на климатските промени, кои се очекува да се почувствуваат во земјите во развој, се посочуваат покачувањето на нивото на морињата и појавата на елементарни непогоди, како поплави и суши.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...