Американски сенатори: Саудискиот принц го нареди убиството на Кашоги

Двајца американски сенатори изјавија дека „нема сомнеж“ дека саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако добиле информации на состанок зад затворени врати за заклучоците на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).



Таквиот став е спротивен на на тврдењето на Трамп, кој неодамна изјави дека ЦИА „сигурно не нашла апсолутно ништо“ за поврзаноста на Мухамед бин Салман со убиството на Кашоги.

– Нема никаков сомнеж дека принцот престолонаследник Мухамед бин Салман го нареди убиството и оти беше известен за текот на настаните, изјави Боб Коркер по синоќешниот состанок со директорката на ЦИА, Џина Хаспел.

Линдси Грејем, сојузник на Трамп во Сенатот истакна дека саудискиот принц бил соучесник во убиството на Кашоги на највисоко можно ниво.

Крокер, претседател на Одборот за надворешна политика изјави дека на состанокот, што траеше околу еден час, не ја слушнал аудио снимката од убиството на Кашоги на 2 октомври во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Неколку републикански и демократски сенатори учествуваа на состанокот со Хаспел. На средбата беа и претставници на различни одбори поврзани со безбедноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...