Нов земјотрес во близина на Нова Каледонија

Нов земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Тихиот Океан во близина на француската прекуморска територија Нова Каледонија, откако час и половина претходно истиот регион го погодија потреси со јачина од 7,5 и 6 степени.

Последниот земјотрес се случил 7.43 минути по средноевропско време.

По најсилниот од трите потреси, што се случи во 5.18 часот по средноевропско време, кој според Американскиот геофизички институт, бил на длабочина од 10 километри со епицентар на 160 километри источно од градот Тадин, Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови.

Според Центарот, во реоните на Нова Каледонија и Вануату можни се бранови високи од еден до три метри, а во областа на Фиџи до еден метар.

По ваквото предупредување, властите на Нова Каледонија и Вануату повикаа на евакуација на жителите на крајбрежните региони.

Во апелот им се препорачува на жителите да се оддалечат од брегот, да се засолнат на повисоки места или да заминат во засолништа.

Првиот од серијата од трите потреси со интензитет од 6 степени според Рихтер, бил регистриран во 5.14 часот по средноевропско време.

Претставник на Дирекцијата за цивилна заштита и управување со кризи на Нова Каледонија изјави дека „добра вест“ во целиов случај е што при земјотресите нема жртви и не се предизвикани материјални штети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...