Гувернер на Њујорк: Единствената закана за Америка доаѓа од внатре

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо во своето обраќање по повод освоениот трет мандат порача дека „единствената закана за Америка доаѓа од внатре“.

Куомо истакна дека во првите 100 дена од неговиот трет мандат ќе ја претстави „најпрогресивната агенда, која оваа американска сојузна држава досега ја видела“.

– Ќе направиме историја, а Њујорк ќе напредува. Не со изградба на ѕидови, туку со изградба на мостови и аеродроми и отворање работни места за новата, средна класа и економска иднина за генерациите кои доаѓаат, како и претставување колку можеме да бидеме добри во се кога работиме заедно, нагласи Куомо, веројатно мислејќи на политичкиот судир во САД околу изградбата на ѕид на границата со Мексико.

Тој изјави дека државата се соочува со огромна „општествена депресија“.

– Фрустрациите на луѓето преминуваат во страв, стравот во бес, а бесот во раздор. Невозможно е да се покаже колку е опасна и малигна оваа состојба. Закана е кога се гледаме како црни или бели, странци или староседелци, наместо како Американци. Како христијани или Евреи или муслимани, наместо како Американци. Тоа е навистина застрашувачко, истакна гувернерот на Њујорк.

Како три главни цели во новата година, Куомо ги наведе легализацијата за употреба на марихуана за „рекреативни цели“, воведување систем на правила во законот околу правата за абортус и реконструкција на метрото во Њујорк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...