Сѐ поголем број Американци го обвинуваат Трамп за блокадата

Сѐ поголем број Американци го обвинуваат претседателот на САД, Доналд Трамп за делумната финансиска блокада на федералната Влада, поради што нејзините вработените и оваа недела ќе останат без плата, покажаа резултатите на анкетата, спроведена од агенцијата Ројтерс и институтот Ипсос.



Испитувањето на јавното мислење, спроведено од 1 до 7 јануари, покажува дека 51 отсто возрасни Американци сметаат дека Трамп е најодговорен за прекин на финансирање на сојузната Влада, што влезе во 19-от ден.

Тоа е за четири проценти повеќе во однос на резултатите на слично истражување спроведено од 21 до 25 декември минатата година.

Дека претставниците на демократите во американскиот Конгрес се виновни за кризата со финансирањето на Владата сметаат 32 отсто испитаници, додека седум отсто верува оти за тоа се виновни републиканците.

Тие податоци се речиси исти во однос на претходното испитување на јавното мислење.

Анкетата покажува и дека повеќето републиканци ја поддржуваат одлуката на Трамп да не го одобри буџетот ако со него не биде предвидено финансирање на изградба на ѕид на границата со Мексико со пари на американските даночни обврзници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...