„Њујорк тајмс“: Трамп размислува за повлекување на САД од НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ги повлече САД од НАТО, објави американскиот весник „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани помошници на шефот на американската држава.



Трамп минатата година повеќе пати на приватни средби го поставил прашањето за иднината на САД во НАТО односно за повлекување на земјата од Алијансата.

Весникот повикувајќи се на актуелни и поранешни официјални лица, кои ја поддржуваат Северноатлантската алијанса, наведува дека Трамп би можел да ги обнови заканите ако сојузниците не се придржуваат до договорот за финансирање на Алијансата.

„Њујорк тајмс“ наведува дека Трамп, летото минатата година, пред Самитот на НАТО, пред своите советници за безбедност изјавил дека не ја гледа смислата на воениот сојуз, кој финансиски ги ослабнува САД. Тогаш советниците на Трамп, меѓу кои и секретарот за одбрана Џејмс Матис и советникот за национална безбедност Џон Болтон се обиделе да ја поддржат американската стратегија за намалување на присуството во Европа, но без да се спомнува повлекувањето од НАТО.

Според весникот претседателот на САД повеќепати повторил дека сака да се повлече од НАТО, но експертите истакнуваат дека тоа ќе „подарок на векот“ за рускиот претседател Владимир Путин.

Неименуван висок претставник на Белата куќа запрашан за плановите на Трамп ја повтори изјавата на американскиот претседател од јули минатата година, дека ангажманот на САД во НАТО е „многу силен„ и оти Алијансата е „многу важна“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...