Уапсен осомничен за подготовка на напад на Белата куќа и други објекти во САД

Оперативци на Федералното биро за истраги (ФБИ) синоќа задржале осомничен од сојузната држава Џорџија за кој се вели дека подготвувал напад на Белата куќа и други објекти, јави „Eј-Би-Си“.



Како што соопшти телевизијата, обвиненија за подготовка на напади биле дадени на 21 годишниот Хашер Џалал Тахи кој бил уапсен во рамките на истрага на ФБИ која траела од март 2018 година, кога имало дојава до полицијата од соседите дека осомничениот се радикализирал и се приклонил кон џихадизмот.

Од ФБИ сметаат дека тој планирал да изврши напад на Белата куќа, на Статуата на слободата во Њујорк, како и на споменикот на Вашингтон и меморијалот на Линколн во главниот град на САД.

Се прецизира дека осомничениот не знаел како да ја нападне Белата куќа и тој не поседувал оружје и експлозиви. Тој бил задржан кога купувал оружје од еден од агентите на ФБИ кој работел прикриено.

Лани во ноември имаше дојава дека во Белата куќа била испратена бомба, но подоцна се дозна дека информацијата била лажна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...