„Њујорк тајмс“: Саудискиот принц во 2017 година зборувал за „куршум” за Кашоги

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во 2017 година рекол дека ќе употреби „куршум“ врз новинарот Џамал Кашоги ако не престане да го критикува ултраконзервативното кралство, пренесува весникот „Њујорк тајмс“.



Медиумот ги цитира поранешните и актуелните официјални лица од САД и од светот, кои во разузнавачките извештаи навеле дека принцот тоа го кажал во разговор со роднината Турки ал Дахил.

Тој разговор го пресретнала американската разузнавачка служба, која во моментов работи на собирање податоци од телефонска и СМС комуникација од изминатите години на саудискиот престолонаследник.

Мохамед бин Салман во разговорот рекол дека, ако Кашоги не се врати во Саудиска Арабија со своја волја, тој треба да се врати со сила и оти е подготвен за тоа да употреби „куршум”.

Кашоги, критичар на саудиските власти и соработник на „Вашингтон пост“, беше убиен на 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...