Приведени двајца поранешни соработници на Макрон

Суд во Париз им изрече мерка притвор на двајцата поранешни членови на Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, Александар Бенала и Винсент Крас, поради непочитување на судските правила, јави дописникот на МИА.



Бенала, кој беше задолжен за обезбедување на Макрони и неговата сопруга, и Крас беа принудени да ја напуштат Елисејската палата. откако француските медиуми објавија видео снимки на кои гледа како тие на 1 мај 2018 година грубо апсат две лица, иако немале никакво овластување за тоа.

Притворот на Бенала и Крас им беше изречен врз основа на аудио снимки, објавени на 4 февруари, на кои се слуша како тие разговараат меѓусебе за случајот, иако тоа им било забрането во рамки на истрагата.

Иако Бенала го напушти Кабинетот на Макрон, тој и натаму продолжи да го користи дипломатскиот пасоши за приватни патувања, а неговото име се споменува и во една афера со обезбедување на руски милионер во Франција.

Поради ова, францускиот Сенат спроведе парламентарна истрага, чии заклучоци треба да бидат објавени денеска.

Во пресрет на објавување на заклучоците на истражната комисија на Сенатот, во офанзива тргна партијата на Макрон, Републиката во движење (РЕМ), со цел да ги отфрли евентуалните негативни заклучоци кои би се однесувале директно за улогата на францускиот претседател во „аферата Бенала“.

Ова особено, затоа што Бенала во повеќе наврати тврдеше дека ужива поддршка од Макрон.

Портпаролката на РЕМ, Орор Берже денеска изјави дека Истражната комисија на Сенатот, со својот извештај за случајот Бенала „сака да води политика” и да создаде „опасен преседан”.

– Тоа е опасно и всушност Сенатот сака да води политика. Тие имаат право да го сторат тоа, но мора да се почитува поделбата на власта и независноста на судството. Во спротивно, тоа ќе значи дека систематски ќе создаваме истражни комисии за да ги удвојуваме тековните истраги, без разлика дали станува збор за Александар Бенала или некој друг? Правдата се движи напред и работи, изјави Берже.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...