Директорот на Боинг го уверил Трамп дека Макс 8 се безбедни авиони

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со главниот директор на Боинг Денис Мјуленбург, по несреќата на Боинг 737 Макс 8 на „Етиопиан Ерлајн“ во која загинаа 157 лица, и добил уверување дека авионот е безбеден.

Разговорот се одржал откако Трамп на Твитер напиша дека „му е жал што авионите станале пресложени за управување“, јавија светските медиуми повикувајќи се на „извор од индустријата“.

Мјуленбург му рекол на Трамп дека 737 Макс е „безбеден и сигурен“ иако Европската агенција за безбедност во воздушниот сообраќај (ЕАСА), по Франција, Велика Британија, Германија и Холандија, ги прекина сите летови на просторот на Европската унија за авионите Боинг 737-8 и 737-9 по падот на овој модел во Етиопија.

Не е соопштено кој го иницирал разговорот, ниту колку траел. Претставници на Боинг не ги коментираа овие информации.

– Ја продолжуваме истрагата за несреќата, а одлуките ќе ги донесеме врз основа на собраните податоци, изјави портпаролката на Федералната агенција за воздухопловство (ФАА).

Во меѓувреме, вредноста на акциите на Боинг продолжува да паѓа, откако во понеделникот загуби повеќе од пет отсто, таа бројка синоќа стигна до речиси шест проценти.

Производителот се обврза да го поправи системот за стабилизација MCAS на 737 Макс 8, како што побара ФАА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...