Брегзит одложен, ЕУ му даде два рока на Лондон

По седум часа преговори, земјите членки на ЕУ го прифатија барањето на Обединетото Кралство за одлагање на Брегзит и на Британците им даде две опции до крајот на мај, јави дописничката на МИА од Брисел.



Земјите членки на ЕУ синоќа одлучија 12 април или 22 мај да е датумот за Брегзит.

– Направивме сѐ што можевме, не можеме ништо повеќе да направиме, се надеваме дека договорот ќе биде одобрен од страна на британскиот Парламент, изјави претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, на прес-конференцијата по завршувањето на првиот ден од Самитот на ЕУ.

Британците бараа одлагање до 30 јуни, но оваа опција не беше прифатлива за земјите членки на ЕУ поради претстојните избори за Европскиот Парламент.

Конкретно, ЕУ даде рок до 22 мај, денот пред почетокот на европските избори, британскиот Парламент да го прифати или не, договорот за излегување од ЕУ. Но, доколку британската влада до 12 април сѐ уште не успее да извојува ратификација на договорот за Брегзит во Вестминстер, тогаш ќе треба или да побара долго одлагање, до крајот на оваа година и да учествува на изборите, или да ги сноси последиците од напуштање на ЕУ без договор пред изборите, со сите ризици поврзани за ова сценарио. Изборите се одржуваат до 23 до 26 мај во сите земји членки.

Во случај Лондон да се одлучи да бара одлагање до крајот на годината, ќе треба да поднесе „оправдано“ барање до европските партнери, односно да организира нови избори или нов референдум, со што ќе може да ги увери земјите членки на ЕУ дека одлагањето нема да значи продолжување на ќор-сокакот во кој се наоѓаат двете страни веќе две години.

– Парламентот мора да ги почитува резултатите од референдумот, мислам дека е подобро за Обединетото Кралство да можеме тоа да го сториме во рамките на договор на уреден начин, изјави британската премиерка Тереза Меј



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...