ЕУ го осудува одземањето на имунитетот на Гуаидо

Европската Унија е против одлуката за одземање на имунитетот на лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо, со што се отвора пат за негово апсење.



Националното конститутивно собрание на претседателот Николас Мадуро во вторникот вечер донесе одлука да се одземе парламентарниот имунитет на опозиционерот Гуаидо, обвинет за „терористички“ активности од страна на венецуелскиот режим. Хуан Гуаидо е признат од повеќето западни демократии како привремен претседател додека не се одржат нови регуларни избори во земјата.

-ЕУ ја отфрла одлуката на непризнаеното Национално конститутивно собрание да се одземе парламентарниот имунитет на Хуан Гуаидо. Оваа одлука претставува сериозно кршење на венецуелскиот устав, како и на владеењето на правото и на поделбата на власта, бидејќи единственото тело надлежно за одземање имунитет на членови на Парламентот е Националното собрание, реагираше денеска Европската Унија преку соопштение.

ЕУ порача дека одблиску ја набљудува состојбата и дека ќе ги „искористи сите соодветни мерки“ во одговор на тековните случувања, но не соопшти повеќе детали за тие мерки.

Иако земјите членки се поделени околу признавањето на Гуаидо како привремен претседател, тие се согласни дека во Венецуела е потребно итно да се одржат фер и демократски избори како единствен политички и мирен излез од кризата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...