Убиена жена во Северна Ирска, полицијата се сомнева за тероризам

Жена, на возраст 29 години, синоќа беше убиена во Лондондери во Северна Ирска, соопшти полицијата, која се сомнева на тероризам.



– Потврдуваме дека по престрелката 29-годишна жена е убиена, изјави локалниот полициски претставник Марк Хамилтон, додавајќи дека е отворена истрага за убиството, а постои сомневање дека се работи за терористички чин.

Локалните медиуми денеска објавија дека непознати лица пукале и фрлале молотови коктели врз полицајци за време на рутинската контрола во Лондондери.

Експлозија на автомобил-бомба во јануари оваа година во тој град предизвика стравување од нови инциденти во Северна Ирска, поради тензиите околу повлекувањето на Велика Британија од членство во Европската унија.

Еден од камењата на сопнување на договорот за Брегзит е токму границата помеѓу Ирска и Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство.

Лондондери е познат по интервенцијата на британската армија наречена „Крвава недела“ . Во тој град, британските војници на 30 март 1972 година убиле 14 невооружени цивили, учесници на забранетиот марш за човекови права на католиците. Причината за протестот беше апсењето на 342 лица, обвинети дека се членови на Ирската републиканска армија (ИРА).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...