Утре можна средба Путин – Ким во Владивосток

Москва, 23 април 2019 (МИА) – Оклопниот воз на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се очекува утре да пристигне во градот Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде првиот човек на Северна Кореја ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, објавија дел од руските медиуми.

Во исто време, севернокорејските медиуми јавија дека Ким „наскоро“ ќе ја посети Русија, без да прецизираат точен датум на посетата и неговата средба со Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера соопшти дека Путин и Ким ќе се сретнат „до крајот на месецов“, додавајќи дека не може да го каже точниот датум на средбата.

Тој нагласи дека подготовките за состанокот се во завршна фаза, истакнувајќи дека повеќе не може да даде никакви информации.

Москва претходно соопшти дека местото и датумот на средбата Путин – Ким не ги објавува поради „безбедносни причини“. сп/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...