СИПРИ: Во светот има 13.865 парчиња нуклеарно оружје

Стокхолм, 17 јуни 2019 (МИА) – Вкупниот број нуклеарни боеви глави во светот во текот на минатата година е намален, но земјите кои имаат нуклеарно оружје го модернизираат својот арсенал, објави Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ), со седиште во Стокхолм.

САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја на почетокот на 2019 година имале околу 13.865 парчиња нуклеарно оружје, односно околу 600 помалку од почетокот на 2018 година.

Во Извештајот се наведува дека во исто време нуклеарните сили го модернизираат својот арсенал.

– Во светот има помалку нуклеарно оружје, но помодерно, изјави директорот на програмата за контрола на нуклеарното оружје во Институтот и автор на извештајот Шенон Кајл.

Намалувањето на нуклеарното оружје во последните години главно доаѓа од САД и Русија, чиј арсенал сé уште претставува повеќе од 90 проценти од светското нуклеарно оружје.

Двете земји ги исполнуваат своите обврски според новиот договор СТАРТ потпишан во 2010 година, кој предвидува ограничен број функционални боеви глави и уништување на старите боеви глави од Студената војна.

Кајл посочи и на неколку загрижувачки трендови, како што е зголемувањето на нуклеарното оружје од двете страни на индиско-пакистанската граница, со што се зголемува опасноста од конвенционален конфликт кој може да прерасне во нуклеарен конфликт. паг/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...