Рјабков: САД ризикува војна со Иран

Москва, 18 јуни 2019 (МИА) – Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека официјална Москва и претходно му порачала на Вашингтон да го отфрли планот за испраќање на дополнителни сили на Блиски Исток, бидејќи во спротивно ризикува војна со Иран.

Изјавата на Рјабков уследи откако Пентагон синоќа соопшти дека распоредува дополнителен број војници и воена опрема во Персиски Залив како одговор на „заканата“ од Иран.

– Одобрив префрлање на околу илјада војници за одбранбени цели поврзани со закани од воздух, море и копно на Блиски Исток, изјави вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шанахан.

Според него, Вашингтон не сака конфликт со Иран туку сака да ги заштити американските интереси во Персиски Залив.

Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Али Шамхани вчера изјави дека Техеран е одговорен за безбедноста во Персиски Залив и побара американските сили да го напуштат регионот.

– Го повторуваме нашиот став и ги повикуваме американските сили да стават крај на своето присуство во регионот бидејќи тие се главен извор на криза и нестабилност, наведе Шамхани.

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја нема да води војна против ниту една држава.

– Иран нема да води војна против ниедна земја. Тие на кои им се спротивставуваме се група политичари без посебно искуство. И покрај сите напори на Американците во регионот и нивната желба да ги прекинат нашите врски со светот, нивната желба да го држат Иран изолиран, тие не успеаја, истакна Рохани во телевизиското обраќање до нацијата.

Во меѓувреме, шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изјави дека Пекинг е „многу загрижен“ поради состојбата во Персиски Залив и ги повика сите вмешани страни да ги намалат тензиите. Тој ги предупреди САД да не ја отвораат Пандорината кутија и да го намалат „екстремниот притисок“ врз САД. Додека неговата порака до Иран е да не се откажува од мултилатералниот договор за нуклеарната програма.

– Се надеваме дека Иран е внимателен во донесување на одлуките и оти нема лесно да се откаже од Договорот, истакна Ванг. ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...