Хаџизадех: Извлечените остатоци од дронот се доказ дека летал над територијата на Иран

Техеран, 21 јуни 2019 (МИА) – Иранската државна телевизија денеска емитуваше снимка на која се гледаат остатоци, за што тврди, дека се од соборениот американски дрон.

Командантот на воздухопловната дивизија на иранската Револуционерна гарда, Амир Али Хаџизадех изјави дека остатоците се доказ дека американското беспилотно летало било над територијата на Иран кога беше соборено од страна на Гардата.

Централната команда на војската на САД (ЦЕНТЦОМ) вчера потврди дека иранската армија собори американски дрон, истакнувајќи оти „неиспровоцираниот напад“ се случил во меѓународен воздушен простор.

Во соопштението се наведува дека беспилотното летало за набљудување на морето вчера утрото е „соборено со ирански ракетен систем земја – воздух додека било во меѓународен воздушен простор над Ормуски Теснец.

Гардата вчера соопшти дека американскиот дрон го наруши иранскиот воздушен простор, а неговото соборување е јасна порака до САД дека Иран ќе одговори на секој вид на странска агресија. ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...