Би-Би-Си: Се појави и втор свиркач против Трамп

Во процесот за смена на американскиот претседател Доналд Трамп се случи изненадување бидејќи се појави и втор свиркач, соопштија адвокати кои го застапуваат првиот свиркач.



Адвокатот Марк Заид рече дека и тој изнел информации за обиди на Трамп да изврши притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да го истражи неговиот политички ривал, поранешниот потпретседател и можен претседателски кандидат Џо Бајден.

Тој нагласи дека и вториот свиркач е од разузнавачките служби и запознаат со случајот и дека за тоа разговарал со генералниот инспектор, јави Би-Би-Си.

Белата куќа не ја коментираше информацијата, а Трамп ги отфрли и првичните наводи.

Засега не се знае ништо за деталите поврзани со вториот свиркач.

Заид во изјава за Еј-Би-Си, рече дека вториот човек е личност која од прва рака дознала за наводите поврзани со телефонскиот разговор на Трамп и Зеленски од 25 јули. Њујорк тајмс објави дека вториот свиркач разгледува излегување во јавност со целосни информации за тој случај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...