Ердoган: Не сме загрижени поради санкциите

Анкара не е загрижена поради можните санкции и ќе ја продолжи операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Нашата цел е јасна и не се грижиме поради можните санкции. Непријателските сили во Сирија многу брзо ги губат позициите. Нашата цел е да ги потиснеме терористите 32 километри од нашата граница, рече Ердоган.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша указ за воведување санкции против Турција во врска со воената операција во Сирија, соопшти државниот секретар Мајк Помпео.

– Претседателот Трамп го потпиша указот за да ја присили Турција да ја прекине својата воена офанзива во североисточна Сирија и да се согласи на примирје. Овој извршен указ на Министерството за финансии и на Стејт департментот им дава надлежности да ја разгледаат можноста за воведување санкции против физички лица, организации или лица поврзани со Владата на Турција и учесници во активности кои создаваат опасност за граѓаните или водат до натамошно поткопување на мирот, безбедноста и стабилноста во североисточна Сирија, се наведува во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...