Обвинителството во Њујорк ќе ги испитува исплатите за Џулијани во истрагата за импичмент за Трамп

Сојузното обвинителство во Њујорк издало судски налог во кој бара записи од исплатите за Руди Џулијани, адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, во рамки на истрагата за импичмент.



Во налогот Џулијани не е назначен како осомничен за некој прекршок, но меѓу кривичните дела што се истражуваат се перење пари, онлајн измами, злоупотреби на фондови за кампања , изнесување неточни тврдења, попречување на правдата и кршење на Законот за регистрација како странски агенти.

Во судскиот налог во кој агенциите имале увид се бара и обелоденување на лобирањата во корист на странски интереси.

Обвинителството бара да му се достават документи поврзани со Џулијани , канцеларијата „Џулијани партнерс“ и други лица или правни лица кои се однесуваат на неговата консултантска фирма, вклучувајќи ја и преписката.

Со налогот се бара и доставување документи за сите остварени или потенцијални исплати или договори со Џулијани.

Федералниот суд во Њујорк ја истражува поврзаноста на Џулијани со украинските енергетски проекти, како и за тоа дали тој ги прекршил сојузните закони за лобирање, што тој го негира.

Блумберг минатата недела јави дека федералниот обвинител на Менхетн го истражува финансиското работење на Џулијани, што може да вклучува и потенцијално кршење на финансиската кампања и непријавување како странски агент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...