„Боинг“ во 2019 година: Најмалку порачки во изминатите две децении

Американскиот производител на авиони „Боинг“ објави дека во 2019 година примил најмал број нарачки во изминатите две децении, како резултат на кризата предизвикана од приземјувањето на авионите 737 Макс по две тешки несреќи.

Боинг објави дека минатата година примиле нето нарачки за само 54 авиони, споредено со 893 во 2018 година, јави Би-Би-Си.

Сепак, тие испорачале 380 авиони, 53 отсто помалку од една година порано, и најмалку од 2007 година.

Тоа значи дека американската компанија ја изгуби титулата најголем светски производител на авиони, престигната од европскиот конкурент „Ербас“, со рекордни 863 авиони испорачани во 2019 година, или 768 нето, откако ќе се пресметаат откажаните нарачки.

Авионите „Боинг 737 Макс“ беа приземјени во март 2019 година по две несреќи во кои загинаа вкупно 346 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...