САД му упатија закана на наследникот на Сулејмани

Специјалниот американски пратеник за Иран, Брајан Хок, му упати закана на Есмаил Гани, кој на позицијата командант на специјални сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда, дојде на почетокот на месецот на местото убиениот Касем Сулејмани.



Хок за саудискиот весник „Ашрак ал-Авсат“ кажа дека смртта на Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американскиот воздушен напад со дрон во близина на аеродромот во Багдад, „е празнина која иранскиот режим тешко ќе ја пополни“, пренесува Анадолија.

-Ако и Есмаил Гани го следи патот на убивање Американци, ќе го снајде истата судбина, рече Хок, запрашан за новиот командант на силите „Кудс“ и што ќе се случи доколку тргне по истиот пат како Сулејмани.

Хок кажа дека за напади врз Американците или интересите на САД во регионот како одговорни ќе ги сметаат иранскиот режим и силите кои делуваат во негово име.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...