Најмалку 80 починати од коронавирусот, а 2.744 заразени

Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица.

Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД. Околу 60 милиони луѓе се во делумен или целосен карантин, бидејќи кинеските власти во неколку градови забранија влез и излез од градот.



Властите во Кина исто така ги повикаа лицата кои биле во Вухан во последните две недели, градот од каде што почна да се шири вирусот, да се пријават во карантин.

Како што пренесуваат странските агенции, во болниците во Вухан има заразени и меѓу медицинскиот персонал. Во Вухан пристигна и кинескиот премиер Ли Кечијанг, кој ги посети болниците во градот.

Засега нема смртни случаи надвор од Кина, а вирусот стигна и во Европа, во Франција, каде што се заразени три лица. Кинеските власти одлучија да ги продолжат новогодишните празници до 2 февруари, за да се спречи дополнително ширење на вирусот, јави државната кинеска телевизија.

Празничните денови требаше да завршат на 30 јануари.

Училиштата кои моментално се на распуст исто така ќе го продолжат одморот, а точниот датум кога ќе почнат со настава дополнително ќе го соопшти Министерството за образование.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...