Џорџ Буш повика да се послушаат демонстрантите во САД

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот изјави дека убиството на Џорџ го одразува „шокантниот неуспех“ на борбата на земјата против расизмот и ги повика властите да ги послушаат барањата на демонстрантите.



Буш, чија изјава покажува дека неговата позиција се разликува од онаа на претседателот Доналд Трамп, иако не го спомна неговото име, смета дека исчекорот од американските вредности ги поттикна демонстрациите низ целата земја.

-Единствениот начин да се видиме самите себеси во вистинско светло е да го слушнеме гласот на многуте повредени и на оние кои жалат, порача поранешниот републикански претседател Буш, пренесе Хина.

„Оние кои сакаат да ги замолчат овие гласови не ја разбираат смислата на САД или како таа станува подобро место“, додаде тој.

Иницијалната каписла за големите протести на национално ниво, што траат повеќе од осум дена, беше смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд за време на насилното апсење во Минеаполис на 25 мај.

Буш изјави дека тој и неговата сопруга Лора биле вознемирени од „бруталното задушување“ на Џорџ Флојд.

-Случајот на Флојд покренува прашања со кои треба да се соочиме, рече Буш.

„Фактот дека многу Афроамериканци, особено млади Афроамериканци, се малтретирани и им се закануваат е трагичен неуспех“, рече Буш, кој беше претседател на САД од 2001 до 2009 година.

-Оваа трагедија, меѓу низата други слични трагедии, отвора многу задоцнето прашање: како ќе ставиме крај на системскиот расизам во нашето општество, додаде Буш.







Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...