Нетанјаху: Иран не се откажува од нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Иран никогаш не се откажал од напорите да се стекне со нуклеарно оружје и оти Израел нема да дозволи Техеран да го создаде.



Обраќајќи им се на новинарите заедно со американскиот министер за одбрана Лојд Остин, кој е во посета на Израел, Нетанјаху не го коментираше иранското обвинување дека Израел го саботирал нивниот клучен нуклеарен објект во Натанц.

Вчера се случи инцидент на мрежата за снабдување со електрична енергија во иранската подземна нуклеарна централа Натанц, само еден ден откако Техеран стави во употреба нови, подобрени центрифуги за збогатување на ураниум.

– Иран никогаш не се откажал од потрагата по нуклеарно оружје и ракети да го испорачаат, рече Нетанјаху.

Тој истакна дека никогаш нема да дозволи Иран да стекне нуклеарна способност и да ја спроведе својата, како што рече, геноцидна цел – уништување на Израел.

Иран тврди дека ја развива својата нуклеарна програма исклучиво за мирнодопски цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...