Тинејџер сам го извел нападот во Казан, претходно го најавил на апликацијата Телеграм

Министерството за внатрешни работи на Татарстан денеска соопшти дека масакрот во училиштето во рускиот град Казан го извел еден тинејџер, кој е приведен. Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачот бил сам и немал соучесници. Напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.



Иако локалните медиуми јавуваат за 11 убиени, според официјалните податоци напаѓачот уби осум лица, од кои седум се деца. Претседателот на Татарстан Рустам Миниханов, кој веднаш допатува на местото на нападот рече дека се убиени седум ученици.

– Изгубивме седум деца, ученици од осмо одделение, четири момчиња, три девојчиња. Тие починаа тука на третиот кат, истакна Миниханов. Тој информираше и дека 16 лица лица се повредени, од кои 12 деца и четири возрасни, кои сега се во болница.

Инаку, напаѓачот, идентификуван како Илназ Гаиалијев, има 19 години и е поранешен ученик во тоа училиште. Според порталот База, тој на апликацијата Телеграм пред нападот креирал канал и оставил неколку пораки. Се фотографирал со маска на која пишува „Бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето а потоа ќе се застрела себеси.

Сепак, локалните медиуми наведуваат дека полицијата проверува и друга верзија – дека напаѓачот имал двајца соучесници, односно помагачи. Според извор од ФСБ наводно приведен е и 41-годишниот Мохамедшим Рамил, осомничен за помагање и поддршка на нападот.

Мотивот за нападот се уште не е познат. Властите соопштија дека се воведени дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.

Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот. Утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Татарстан во спомен на жртвите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...