Директорот на Модерна очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на Модерна Инц. Стефан Бансел смета дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство на вакцини обезбедува глобални резерви, изјави за швајцарскиот весник Ноје Цуерхер Цајтунг.



– Ако го погледнете проширувањето на производствениот капацитет во индустријата во текот на последните шест месеци, до средината на следната година треба да има доволно дози за да може да се вакцинираат сите на овој свет. Исто така, треба да бидат можни засилувачи до потребниот степен, изјави тој во интервју за весникот.

Вакцинацијата наскоро ќе биде можна дури и за новороденчиња, рече тој.

– Оние кои не се вакцинираат ќе бидат имунизирани природно, бидејќи варијантата делта е многу заразна. Во овој случај, ќе завршиме со ситуација слична на ситуацијата со грипот. Или може да се вакцинирате и да имате добра зима. Или да не се вакцинирате то што ризикувате да се разболите и може да завршите во болница, додаде тој.

На прашањето дали тоа значи враќање во нормала во втората половина од годината, тој рече: „Претпоставувам дека од денес, за една година“.

Бансел рече дека очекува владите да одобрат засилувачки вакцини за луѓето кои се веќе вакцинирани, бидејќи на ризичните пациенти кои биле вакцинирани минатата зима „несомнено“ им треба освежување.

Нивната засилувачка вакцина има половина од оригиналната доза на вакцината, што значи дека ќе ги има повеќе.

– Волуменот на вакцината е најголемиот ограничувачки фактор. Со половина од дозата, ќе имаме три милијарди дози на располагање ширум светот за следната година, наместо само две милијарди, рече тој.

Составот на засилувачката доза останува ист како и оригиналната вакцина за оваа година, бидејќи Модерна немаше доволно време да ја промени.

– Во моментов тестираме вакцини оптимизирани за делта варијантата во клинички испитувања. Таа ќе ја формира основата на засилувачката вакцина за 2022 година. Исто така тестираме делта плус бета, следната мутација за која научниците веруваат дека е можна, додаде Бансел.

Модерна може да ги користи постојните производствени линии за нови варијанти, како и за оригиналната вакцина против Ковид-19. Цената на вакцината ќе остане иста, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...