Ердоган: Работев добро со Буш, Обама и Трамп, но не и со Бајден

Работев добро со Џорџ В.Буш, Барак Обама и Доналд Трамп, но не можам да кажам дека започнавме добро со Џо Бајден, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во соопштение, изразувајќи незадоволство од актуелниот американски претседател.

-По 19 години на функцијата, не можам да кажам дека постигнавме добра позиција со САД. Тие треба да разберат дека Турција нема да отстапи од договорот за С-400, вели Ердоган, осврнувајќи се на рускиот систем за противракетна одбрана, што доведе до конфликт меѓу Турција и САД.

Запрашан за односот на Турција кон неодамнешните настани во Авганистан, Ердоган го истакна „неуспехот и рамнодушноста на САД кон ситуацијата“.

Тој нагласи дека САД ја донеле својата одлука без да се консултираат со Турција и затоа не можат да очекуваат дека Турција ќе ја плати цената „за нивното неодговорно однесување“.

-Незамисливо е Турција да ги отвори вратите и да ги прифати (авганистанските мигранти). Нашата земја не е отворена територија. Не е лесно да се прифати такво нешто. Оваа акција има цена. САД не можат да ни кажат: ‘отворете ги вратите и пуштете го авганистанскиот народ да влезе во Турција’. Тука САД мора да ја платат цената. САД мора да преземат чекори во овој поглед”, додаде турскиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...