Еколошка катастрофа во Перу: По ерупцијата во Тонга силно излевање на нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало „еколошка катастрофа“. Од рафинеријата Ла Пампила протекоа повеќе од 6.000 барели нафта поради брановите кои ја погодија по ерупцијата на вулканот во Тонга.



Властите ги затворија трите најпогодени плажи каде има многу мртви животни покриени со нафта.

Претставници на Министерството за надворешни работи го повикаа операторот Репсол да плати отштета.

-Ова е најлошата еколошка катастрофа што се случи околу Лима во последно време и која сериозно оштети стотици семејства на рибари. Репсол мора веднаш да ја надомести штетата, објави Министерството на Твитер.

Портпаролката на компанијата Тина Ван Ден Вол Бејк ја негираше одговорноста, велејќи дека излевањето се случило во ограничена област.

-Ние не ја предизвикавме оваа еколошка катастрофа и не можеме да кажеме кој е одговорен, рече Ван Ден Вол Бејк.

Но, премиерката Мирта Васкез подоцна изјави дека компанијата „очигледно“ немала план како да се справи со истекувањето на нафтата во случај на непредвидена ситуација.

Обвинителите започнаа истрага за улогата на Репсол во инцидентот, а Министерството за животна средина предупреди дека компанијата може да плати казна од повеќе од 34,5 милиони долари.

Официјални лица велат дека истекувањето оштетило околу 18.000 квадратни километри заштитени подрачја населени со ретки растителни и животински видови. Се чистат околу три километри плажи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...