Џо Бајден опцу новинар

Американскиот претседател Џо Бајден вчеравечер на настан во Белата куќа опцу новинар на „Фокс њуз“, откако беше прашан за влијанието на зголемената инфлација врз овогодишните конгресни избори.



Имено, на крајот од состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот на „Фокс“ од Белата куќа, Питер Дуси праша дали инфлацијата е политичка одговорност?

– Тоа е голема предност – поголема инфлација, саркастично одговори Бајден, веројатно несвесен дека неговиот микрофон сè уште е вклучен, додавајќи – Каков глупав „кучкин син“!

Потрошувачките цени во САД значително се зголемија во декември, забележувајќи го најголемиот годишен пораст на инфлацијата во последните речиси четири децении. Помалку од еден час по инцидентот, Бајден наводно му се јавил на Дуси на мобилен телефон и му објаснил дека „не било ништо лично“.

Бајден положи заклетва пред една година со ветување дека ќе заземе цврст став против секој и најмал знак на грубост меѓу членовите на неговата Администрација.

– Ако некогаш работите со мене и се однесувате со своите колеги со непочитување и понижување, ветувам дека веднаш ќе бидете отпуштени, без никакво „ако“, или „но“. Секој има право на почит и достоинство, рече тој во една прилика.

Претходникот на Бајден, републиканецот Доналд Трамп, беше познат по вербалните напади врз новинарите.

Дуси го следи Бајден долго време и често му поставува скептични и критички прашања. „Фокс њуз“ е критичен кон Бајден и демократите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...