Убиен Шамил Басаев

Москва, 10 јули (МИА) - Руските специјални сили минатата ноќ го убија чеченскиот бунтовнички лидер Шамил Басаев, соопшти денеска раководителот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Николај Патрушев.

   Според Патрушев, 41-годшниот Басаев бил убиен при операција на руските специјални сили во јужната руска автономна Република Ингушетија, која граничи со Чеченија, додека заедно со своите соработници се подготвувал за нов терористички напад.

   Тој потенцира дека со планираниот напад чеченските бинтовници сакале да извршат политички притисок врз руските власти за време на средбата на Г-8 што треба да се одржи во Русија кон крајот на неделата.

   Чеченскиот вицепремиер Башир Аушев соопшти дека Басаев загинал при експлозија на камион натоварен со оружје.

   Басаев се наоѓал во возило што го придружувало камионот од типот Камаз, кој превезувал оружје и експлозив. При експлозијата на камионот, покрај Басаев, загинале уште четворица негови соработници. Експлозијата била толку силна што ги уништила возилата кои го придружувале камионот и ги разнела телата на жртвите.

   Според ФСБ, обезглавениот труп на Басаев бил идентификуван врз основа на пронајдените делови од неговото тело.

   Рускиот претседател Владими Путин оцени дека убиството на Басаев претставува само казна за сите досегашни напади врз Русија.

   - Тоа е само казна на бандидите за смртта на нашите деца во Беслан и во Будјановск и за сите терористички напади што тие ги извршија во Москва и во другите региони на Русија - изјави Путин по средбата со Патрушев, на која шефот на ФСБ го информирал за ликвидирањето на Басаев.

   Претседателот на Чеченија, Алу Алханов оцени дека убиството на Басаев неповратно ќе го поткопа бунтовничкото движење. - Ми се чини дека денешниот ден може да се смета за логичен крај на борбата против илегалните милитантни групи - нагласи Алханов.

   Чеченскиот премиер Рамзан Кадиров изјави дека веста за смртта на Басаев им донела голема радост на чеченскиот и на рускиот народ.

   Чеченските сепаратистички бунтовници досега не реагираа на информациите за смртта на Басаев.

   Басаев, кој беше прв на листата на најбарни терористи во Русија, се товари за голем број напади и убиства во изминативе десет години. Меѓу останатите, Басаев е одговорен и за атентатот врз поранешниот чеченски претседател Ахмад Кадирив, татко на актуелниот премиер на Чеченија, во мај 2004 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...