Како ќе умре Сончевиот Систем

Откривањето на остатоци на планетарен систем кој орбитира околу мртва ѕвезда им нуди на астрономите претпоставка за далечната иднина на нашиот Сончев Систем.


„Ова бело џуџе е возбудливо откритие. Нашиот Сончев Систем ќе изгледа многу слично за 5 до 8 милијарди години и астроном од некој друг сончев систем би можел да биде сведок на ова што ние го видовме“, вели Борис Гензике од Универзитетот во Ворик во Англија.

Откритијата нудат докази дека надворешните планети од нашиот Сончев Систем би можеле да опстанат кога Сонцето ќе умре за неколку милијарди години.

Кога на средно голема ѕвезда како нашето Сонце почнува да и’ снемува водород за поддршка на нуклеарната фузија, таа почнува да го согорува хелиумот и отекува стотици пати од својата нормална големина, станувајќи црвен џин.

Како што ѕвездата расте, надворешните слоеви ги преплавуваат и уништуваат најблиските планети. Ѕвездата на крај целосно ги губи надворешните слоеви и формира планетарна небула, оставајќи зад себе екстремно густо јадро со големина слична на Земјата, наречено бело џуџе.

Додека внатрешните планети би ги уништил црвениот џин, последната теорија сугерира дека некои од надворешните планети би можеле да опстанат, оддачечувајќи се од ѕвездата која умира, затоа што нејзината гравитација слабее поради губитокот на маса во надворешните слоеви.

Откривањето на планетарен материјал кој орбитира околу бело џуџе значи дека оваа теорија би можела да биде точна. „Ова е прв директен доказ за постоење на астероиди околу бело џуџе, а астероидите се дел од планетарен материјал.“, вели Гензике.

„Не видовме конкретна планета околу определено бело џуџе, но фактот дека откривме астероид кој бил оттргнат од својата стабилна кружна орбита е многу силна сугестија дека конкретното бело џуџе има планета која орбитира околу него на многу голема дистанца“, вели тој.

Тим од истражувачи ја анализирал светлината емитирана од бело џуџе со име SDSS 1228+1040, за да го определат составот на ѕвездата. Различни елементи емитираат различни светлосни спектруми, а белите џуџиња би требало да се состојат од чист водород.

Сепак, истражувачите се изненадиле кога пронашле метали, т.е. кога пронашле било што потешко од хелиум. Откриен бил калциум, магнезиум и железо, кои се содржат во гасовитиот диск кој ротира околу џуџето.

Според Гензике, кога сонцето ќе умре, судбината на земјата не се знае: нашата планета би можела да биде проголтана или пак можеби за влакно ќе се спаси така што ќе и’ се прошири орбитата, „Постои голема несигурност, која главно се должи на слабото разбирање на губиток на маса за време на последните стадиуми на еволуција на една ѕвезда.“

Дури и да не биде проголтана, водата и атмосферата на Земјата би извриле во неповрат.

Се проценува дека во фазата црвен џин, сонцето ќе стане 200 до 700 пати поголемо од сега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...