Арсениј Јаценјук е нов министер за надворешни работи на УкраинаКиев, 21 март (МИА) - Украинскиот парламент денеска ја одобри кандидатурата на Арсениј Јаценјук за министер за надворешни работи.
Него го предложи претседателот Виктор Јушченко, откако пратениците двапати го отфрлија неговиот првичен кандидат Володимир Огризко.
За Јаценјук гласуваа 426 пратеници, при неопходни 226 гласа.
Јаценјук (33) е правник по струка, без искуство во дипломатија. До денеска беше прв заменик-раководител на секретаријатот на претседателот. Женет е и има две ќерки.
|