Штрајкот на обезбедувањето на аеродромите Шарлоа и Лиеж продолжува и утреБрисел, 15 јуни (МИА) - Вработените во службите за обезбедување на белгиските аеродроми Шарлоа и Лиеж кои денеска започнаа штрајк, решија го продолжат протестот и во текот на викендот, јави АФП.
Синдикатот на вработените во службите за обезбедување соопшти дека одлуката за продолжување на штрајкот се до одржувањето на средбата со работодавците закажана за во понеделник попладне, е донесена едногласно.
Како што пренесува МИА, први со штрајк започнале вработените во обезбедувањето на бриселскиот аеродром Шарлроа, а подоцна ним им се придружиле и нивните колеги од аеродромот во Лиеж. Поради штрајкот откажани се или пренасочени сите летови од и кон двата аеродроми.
Штрајкот уследи по одлуката на Владата на регионот Валонија вработените во обезбедувањето да го загубат стаусот на државни службеници.
Вработените во службите за обезбедување на бриселскиот меѓународен аеродром Завенден не штрајкуваат.
|