понеделник, 08.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Ал Болани: Офанзивата во Мосул ќе биде најобемна против Ал Каеда

Багдад, 12 мај (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Ирак Џауад ал Болани вети дека ќе се справи со бунтовниците и со мрежата на Ал Каеда во северниот град Мосул.

Тој додаде дека операцијата на безбедносните сили во градот ќе биде најобемна до сега.

Пред новинарите  во Киркук тој изјави дека операцијата ќе биде без преседан „затоа што ќе биде спроведена врз основа на дејствија за ограничување на бројот на бунтовници и помош на локалното население“.

Локалното население стравува дека офанзивата, која почна вчера, ќе има тешки последици по животот на народот. За да ги смири Ал Болани изјави дека заштитата на жителите во регионот е дел од операцијата.

Зголемувањето на американската војска во Багдад во јуни минатата година имаше придонес за подобрување на безбедноста во ирачкиот главен град. Се претпоставува дека бунтовниците поврзани со Ал Каеда го напуштиле градот и се прегрупирале на север, главно во Мосул, кој е главен град на провинцијата Ниневија.

Поради тоа соседните провинции стравуваат од можно преместување на бунтовниците, ако владината операција постигне успех.


Наjновo од Вести
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол
Цената на нафтата се намали во очекување на состанокот на ОПЕК
Дик Чејни ги поддржа амбициите на Украина за влез во НАТО
Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“
Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар
Најмалку 12 жртви на ураганот Густав во Лујзијана
Ал Каеда го откри идентитетот на напаѓачот на данската амбасада во Исламабад
Иран ги отфрли тврдењата на Саркози дека има нуклеарно оружје
УНИЦЕФ: Во Етиопија 4,6 милиони луѓе може да ги загубат животите поради глад
Полицијата уапси над 200 демонстранти за време на говорот на Мекејн во Минесота
ЕУ набљудувачите во Ангола сметаат дека организацијата на парламентарните избори е „катастрофална“
Таро Асо официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на владејачката ЛДП
Петмина исламисти загинаа при американски напад на територијата на Пакистан
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи