понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Вести / Свет

Чавес ја обвини Колумбија дека сака војна

Каракас, 12 мај (МИА) - Претседателот на Венецуела Хуго Чавес нагласи во седмичното обраќање дека колумбиската Влада се обидува да ја испровоцира Венецуела за да објави војна и да ја оправда интервенцијата од САД.

- Го предупредувам континентот, венецуелскиот народ, вооружените сили, за намерата на колумбиската Влада да  не предизвика за да не вовлече во војна, изјави Чавес.

Тој ја критикуваше и Европската унија, кралот на Шпанија и германскиот канцелар Ангела Меркел. 

- Лидерите од ЕУ идат и велат дека се обидуваат да ни помогнат. Каде им е планот? Прашајте го претседателот на Хаити колку ветувања му дадоа од ЕУ, потенцира Чавес.

Ангела Меркел ја нарече политички следбеник на Адолф Хитлер и на германскиот фашизам.

- Таа е од германската десница, истата која го поддржуваше Хитлер, го поддржуваше фашизмот. Ете тоа е денешниот канцелар на Германија, наведе Чавес.


Наjновo од Вести
Израел ја обнови испораката на гориво за Појасот Газа
Хакер украл податоци за шест милиони Чилеанци
Во Грција недостиг на горива поради штрајкот на сопствениците на камиони-цистерни
Седум лица загинаа во пожар во будистички храм во Индонезија
Повторно бомбардирани цели на ПКК во Северен Ирак
Силен земјотрес ја погоди кинеската провинција Сачуан
„Вашингтон пост“: Земјите во развој се повеќе се интересираат за нуклеарна енергија
Авион со американска помош замина за Мијанмар
Кина формира компанија за производство на сопствени авиони
Единаесет лица загинаа во бродска несреќа на Хаити
НАСА бара волонтери кои треба само да лежат во кревет
Да им се плаќа, мајките би заработувале 116.805 долари годишно
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи