
|
 |
Вести / Свет
|
|
Во Техеран ќе се одржат разговори со МААЕ на ниво на експерти
Техеран, 12 мај (МИА) - Претставникот на Иран во Меѓународнатз агенција за атомска енергија Али Асгар Солтание соопшти денеска во Техеран дека ќе почнат нови разговори меѓу Иран и МААЕ на ниво на експерти за нуклеарната програма на Иран.
Според иранската агенција Фрас, разговорите ќе траат три дена. Во април МААЕ и Иран водена на двапати такви разговори по тврдењата за „тајна нуклеарна дејност“ на Иран. Од почетокот Техеран ги оквалификува тие тврдења како неосновани.
По втората серија разговори Солтание единствено спомена дека „има некои прашања и нејаснотии“ на кои Иран е подготвен да даде одговори.
Техеран веќе е предмет на три резолуции на Советот за безбедност на ОН и на санкции, за да биде принуден да го запре збогатувањето уран и несоработка со МААЕ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|