
|
 |
Вести / Свет
Најмалку 22-ца загинати при удари на торнада во САД (DPL)
Вашингтон, 11 мај (МИА) - Најмалку 22 лица загинаа при удари на торнада што викендов ги погодија централните и југоисточните делови на САД, соопштија денеска американските власти.
Најголем број жртви има во американската сојузна држава Мисури - 13, седум лица загинале во Оклахома, а двајца во Џорџија.
Торнадо речиси целосно го разурнало градот Штутгард во Арканзас, но засега од таму нема информации за загинати.
Во градот Пичер во Оклахома, кој торнадо го погоди синоќа, загинаа шест луѓе и предизвикани се големи материјални штети.
Во Мисури пак најтешко е погоден градот Сенека во округот Њутон, од каде се и најголемиот број загинати во оваа американска сојузна држава.
Американските телевизии прикажаат кадри од погодените области, на кои што се гледаат целосно разурнати куќи и откорнати дрвја.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|