петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Свет

Арапските земји повикаа на прекин на судирите во Либан

Каиро, 11 мај (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапската лига на денешното вонредно заседание во Каиро повикаа за прекин на насилствата во Либан.

- Имајќи ја предвид ситуацијата во Либан, Советот на министрите упатува апел за итен прекин на насилството на планината Либан и во другите делови, изјави помошникот генерален секретар за политички работи на Арапската лига, Ахмед бин Хили.

Тој најави дека министирите од арапските земји на крајот на денешната итно свикана средба ќе усвојат завршна декларација посветена на настаните во Либан.

Судирите меѓу приврзаниците на власта и опозицијата во Либан започнаа во средата, откако прозападната либанска Влада реши да спроведе истрага за легалноста на телекомуникациската мрежа што низ земјата ја постави главната опозициска сила во земјата, просириската шиитска Божја партија (Хезболах).

Во текот на денешниот ден во поголемиот дел на Либан е мирно, по жестоките судири во текот на минатата ноќ, и припадници на либанската армија се распоредени низ улиците на двата најголеми градови во земјата Бејрут и Триполи.

Според очевидци, денеска борби се водат само во реонот на планината Либан, југоисточно од Бејрут, каде мнозинството од жителите се припадници на верската заедница Друзи.

За најновите судири во Либан, САД и нејзините арапски сојузници ги обвинуваат Сирија и Иран, кои пак отфрлаат каква и да било поврзаност со настаните во оваа медитеранска земја.


Наjновo од Вести
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Операторите подготвени за услугата преносливост на броеви
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Караџиќ одби да се изјасни за вината пред Хашкиот трибунал
Бугарскатa бизнис групација „Чимимпорт“ сака да ја купи Поштенска банка
Италијанскиот генерал Џузепе Емилио Гај го презеде командувањето со КФОР
Иран има во употреба 4.000 атомски центрифуги, изјави иранскиот заменик шеф на дипломатија
Пораст на цената на нафтата
Јапонија ќе ги укине санкциите врз Северна Кореја
Во верските судири во Индија 11 загинати, илјадници раселени лица
Дмитриј Медведев првпат се сретна со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад
Ураганот Густав зеде 59 жртви
Обама официјално ја прифати номинацијата
Буш ќе одобри помош во околу шест милиони долари за Грузија
Рускиот премиер Путин ги обвини САД за мешање во конфликтот во Грузија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи