
|
 |
Вести / Свет
|
|
„Вашингтон пост“: Земјите во развој се повеќе се интересираат за нуклеарна енергија
Вашингтон, 12 мај (МИА) - Околу 40 земји во развој од Персискиот Залив до Латинска Америка се консултирале со претставници на ОН за да го изразат својот интерес за развој на сопствена нуклетана програма, пишува денеска американскиот весник „Вашингтон пост“.
Експертите сметаат дека оваа тенденција може да доведе до зголемување на нуклеарниот арсенал и поделба на светот на воени блокови.
Според податоци на еспертите, најмалку шест земји во последните четири години соопштиле дека планираат да збогатуваат ураниум или да преработуваат нуклеарно гориво.
- Зголемувањето на нуклераниот потенcијал од економски аспект се должи на зголемувањето на цените на горивата. Но освен тоа постои опасност дека земјите од Персискиот Залив ќе ги зголемуваат своите потенцијали за да се заштитат од заканите на Иран, што пак го дели регионот на блокови и создава опасност за натпревар во вооружувањето, коментира „Вашингтон пост“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|