
|
 |
Вести / Свет
|
|
Кина формира компанија за производство на сопствени авиони
Пекинг, 12 мај (МИА) - Кина почнува со изработка на патнички авиони од сопствено производство со цел да се биде што е можно помалку зависен од Боинг и Ербас, објавува денеска весникот Чајна дејли.
Компанијата China Commercial Aircraft Co. за изработка и монтажа на авиони беше официјално пуштена во работа вчера. Почетниот капитал е 2,7 милијарди долари, од кои 31,5 отсто се на државата.
Централната Влада и Владата во Шангај се најголеми „учесници во проектот“ во кој се и China Aviation Industry Corp. I и China Aviation Industry Corp. II, кои се одвоија од државната China Aviation Industry Corp. во 1999.
Како што јави Синхуа, ќе бидат изработувани авиони со повеќе од 150 седишта. Според официјални лица на кои се повикува Агенцијата, засега не е прецизирано кога ќе полета првиот патнички авион од кинеско производство.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|