Осум авганистански функционери разрешени поради нападот врз преседателот Карзаи
Кабул, 12 мај (МИА) - Осум високопоставени авганистански функционери од безбедносниот сектор, вклучително и началникот на полицијата во Кабул, беа разрешени поради неуспешниот обид за атентат врз претседателот Хамид Карзаи за време на воената парада што се одржа во главниот град на 27 април.
Осуминната, кои се вработени во Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, како и во авганистанското разузнување, се разрешени поради небрежност.
Првично истрагата за антентатот ја водеше владина комисија, но од вчера случајот ќе го води авганистанскиот јавен обвинител.
- Ја преземавме истрагата во наши раце, изјави денеска портпаролот на главниот обвинител, Абдул Џабал Сабет Хајтуала Хајат.
Нападот беше извршен на 27 април за за време на воена парада во главниот град на Авганистан - Кабул, при што загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а десетина други беа повредени.
Претседателот Карзаи беше евакуиран без повреди.
|