
|
 |
Вести / Свет
|
|
Кинескиот премиер во посета на регионот погоден од земјотрес
Пекинг, 12 мај (МИА) - Кинескиот премиер Вен Џиабао отпатува за градот Чанду, административен центар на провинцијата Сечуан кој денеска беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени.
Четири деца загинаа и најмалку 100 беа повредени откако се урнаа две училишта во таа област.
Претседателот Ху Џинтао нареди итно да се достави помош за настраданите. Властите испратија војници во тој регион и наредија армијата да се вклучи во спасувачки операции. Аеродромот во Чанду е привремено затворен.
Според Синхуа регионот е слабо населен иак во него живеат околу 100.000 жители. Властите во префектурата Аба во провинцијата Сечуан соопштија за оштетени згради и за неколку кои се урнале.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|